Насловна / Вести / Се реконструираат училиштата во Гази Баба

Се реконструираат училиштата во Гази Баба

Новата учебна година, основното училиште „Кирил и Методиј“ во општина Гази Баба ќе ја започне со нов покрив и под, а за нивната замена во тек се градежните активности. Министерството за образование и наука за училиштата во Гази Баба ќе инвестира 23,5 милиони денари.кирил и методиј во гази баба
Комплетната замена на покривот и подот во „Кирил и Методиј“ е во вредност од 8,6 милиони денари, а во соработка со општина Гази Баба се работи и на подобрување на условите за изведување на наставата.
Предвидениот рок за завршување на реконструкцијата на просториите во училиштето е 1 септември.
Летниов период ќе се работи на подобрување на условите на просториите во сите 11 основни училишта, за што се издвоени 10.300.000,00 денари или вкупно за летните градежни зафати се предвидуваат 18.900.00,00 денари за реконструкција на училишните објекти.

Во план е изградба на нова спортска сала за потребите на „Кирил и Методиј“.

Испрати коментар

Scroll To Top