Насловна / Вести / Перформанс на уметницата Борјана Роса во Кино Култура

Перформанс на уметницата Борјана Роса во Кино Култура

Вeчерва во Кино Култура, во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“, е најавен перформанс на уметницата Борјана Роса, со наслов „Во фокус: Внатрешноста“.bor_about

Борјана Роса е интердисциплинарен уметник и куратор во областа на електронскиот филм, перформансот, видео и фотографија. Повеќето од нејзините перформанси и други дела се прикажувани и изложувани на многубројни фестивали и галерии во Европа и САД.

Во 2004 година, заедно со рускиот уметник и режисер Олег Мавромати, ја основа UTRAFUTURO – меѓународна група на уметници кои работат со технологија, наука и други социјални импликации. Нејзините перформанси и видеа се дел од меѓународни уметнички архиви. Добитник е на престижната награда „Одбрана литература за писатели за уметност“ на Институтот за современа уметност, Софија, за 2008 година.borjana rosa

Со ова дело Роса ѝ оддава почит на Кароли Шнеман и нејзиното дело „Внатрешен свиток“ (Interior Scroll), веројатно нејзиниот омилен и највлијателен уметнички перформанс, суштински за сексуалната револуција од минатиот век на Западот. Како уметник од Источна Европа, Роса има поинаква историја и потекнува од поинаква генерација – израсната во време на брзиот технолошки развој во 90-тите години кои создадоа ново тло населено од мизогинија и феминизам, како на пример виртуелниот простор и пластичните операции, и со тоа се создадоа нови контрадикции чие разрешување налага поинаков пристап.

На настапот ќе го носи амазонскиот градник (Amazon Armor Bra) – силиконски градник кој ги покажува нејзините лузни од мастектомијата, а текстот што ќе го чита се разликува од поклонението на вагината на Шнеман, во обид да го осовремени перформансот.

Испрати коментар

Scroll To Top