Насловна / Архитектура / Се продава куќата на Тито во Њујорк за 50 милиони долари

Се продава куќата на Тито во Њујорк за 50 милиони долари

Поранешна Југославија имала многу дипломатски претставништва и недвижности ширум светот, кои се вредни, значајни некои од нив и историски споменици, сместени на значајни локации во светските градови. Државите сукцесори на СФРЈ се согласиле за заедничка продажба на пет недвижности на бивша СФРЈ, поточно два објекта во Њујорк и по еден во Бон, Берн и Токио, а реализацијата на договорот отпочнала во 2016. година.

1
Меѓу овие пет објекти е куќата на Јосип Броз Тито во Њујорк. Во оваа зграда престојувал Тито за време на своите посети на Њујорк, а ја купила Федеративна Народна Република Југославија во декември 1946. година за 300 илјади долари. Објектот се наоѓа на претсижно место на Петта авенија во делот помеѓу улиците 66 и 67 со поглед на Централ парк.

2
Според зборовите на Тристан Харпер од брокерската куќа „Даглас Елиман“,објектот е недопрен и оној кој ќе го купи, ќе поседува „парче од историјата на Њујорк“.
Куќата е изградена во 1904. година, по проект на архитектонското биро „Ворен и Ветмур“ на приземје и четири ката од кои два се во поткровјето. Објектот има околу 1500 метри квадратни, 32 соби, осум купатила, 17 камини и вински подрум. Бил прва зграда со два електрични лифта, кои и денес се во функција. Прв сосптвеник на објектот бил гувернерот на Лонг Ајленд- Роберт Бикман Ливингстон, по кого зградата го носи и името „Бикманова куќа“.

3
Во објектот кој е под заштита на државата и градот Њујорк од 1969. година, сочуван е и оригиналниот ентериер.
Во огласот за продажба на брокерската куќа „Даглас Елиман“, куќата е проценета на 50 милиони долари и во цената влегува и целиот ентериер – мебел, слики, златен светларник и низа други позлатени детали. Како особено интригантни детали продавачот истакнува „дека во време на ладната војна на врвот на објектот имало соба која никој не можел да ја прислушува, а кон Петта авенија поставени се непробојни прозори“, како и тоа дека Тито “во куќата нашол привремено засолниште, по обидот на атентат врз него во „Валдоф Асторија“ 1963. година.

4

Испрати коментар

Scroll To Top