Насловна / Вести / Се поставуваат заштитни улични столбови на повеќе локации во Скопје

Се поставуваат заштитни улични столбови на повеќе локации во Скопје

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во изминативе денови интензивно работат на поставување заштитни столбови на повеќе локации во Скопје. Овие столбови се поставуваат за зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите, соопшти Град Скопје.

Со оваа акција, како што се наведува, се врши санација на уличните столбови коишто се оштетени од сообраќајни незгоди, како и од несовесни граѓани.

Изминативе неколку денови поставени се над 100 заштитни столбови на булеварите „Метрополит Теодосиј Гологанов“, „Климент Орхидски“, „Партизански одреди“, „Кузман Јосифовски Питу“, како и на улиците „Димитрие Чуповски“ и „11-ти Октомври“, кај Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.stolbovi vo grad skopje

При поставување и замена на столбовите се врши машински ископ на земјен материјал, транспорт на градежен шут, како и бетонирање и поставување на столбовите коишто се заградуваат со заштитна трака.

Оваа активност, најавуваат од Град Скопје, ќе продолжи и во наредниов период на сите улици каде што ќе има потреба за замена и поставување нови столбови за безбедност.

Испрати коментар

Scroll To Top