Насловна / Архитектура / Се подготвува реконструкција на сплитскиот стадионот Пољуд

Се подготвува реконструкција на сплитскиот стадионот Пољуд

Градската управа на Сплит и ФК Хајдук подготвуваат проект за темелна реконструкција на сплитскиот стадионот Пољуд, чија вредност се проценува на најмалку 400 милиони куни.

2

Проектот опфаќа целосно реновирање на бетонската конструкција на стадионот и замена на дотраениот кров на кој би можело да се најдат и транспарентни соларни панели, со вкопување на фудбалската трева за неколку метри со цел отстранување на атлетската патека и добивање нови места на трибините на Пољуда, чиј капацитет во иднина би бил околу 40 илјади гледачи.

0

Дополнително, на западната трибина се планираат значително поголеми ВИП-сектори, но и бројни комерцијални содржини на надворешниот прстен и веднаш до него, со што новиот стадионски комплекс во иднина би се самофинансирал.

1

Проектот е во почетна фаза. Сопственоста на стадионот и земјиштето на кое се наоѓа Пољуд е на градот, а има и проект за реконструкција што може да се актуелизира: пред повеќе од десет години, го изработил денес покојниот архитект Борис Магаш, инаку автор на оригиналното ремек дело Пољуд од 1979 година, за потребите на една од неуспешните понуди на Хрватска за организација на големи фудбалски натпреварувања.

3

Тој проект, меѓу другото, предвидува и целосно покривање на стадионот со нова кровна конструкција. Во меѓувреме се изработени неколку идејни проекти за ревитализација на сплитскиот стадион кои никогаш не влегоа во реализација, а пред пет години Сплит дури повлече пет милиони куни од европските фондови за изработка на проект за замена на кровната конструкција. Таа работа била проценета на 100 до 150 милиони куни, документацијата е завршена, но било утврдено дека нема фонд од кој би можело да се повлече толкава сума пари и покрај тоа што Пољуд официјално е заштитен како културно наследство.

н

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top