Насловна / Вести / Се отвори првиот продажен салон на Coincasa во Тетово

Се отвори првиот продажен салон на Coincasa во Тетово

coincasa vo tetovo_1

На површина од 500 m2, лоциран на вториот кат во новоизградениот трговски центар Palma mall, се отвори првиот продажен салон на Coincasa во Тетово. Со новиот објект италијанскиот бренд за елементи за уредување на домот, ја прошири својата продажна мрежа.
По повод свеченото отворање на новиот малопродажен салон, менаџментот на компанијата им приреди изненадување на граѓаните на Тетово, со купување на еден производ да добијат подарок од Coincasa, а исто така им понуди и одлична можност да набават ексклузивни и уникатни производи за уредување на своите домови, по намалени цени до 60 отсто.

coincasa vo tetovo_1
Coincasa e италијански синџир на продавници што нуди врвни и трендовски решенија за уредување на домовите. Овој бренд веќе неколку години е дел од компанијата K&K, преку продажниот салон што се наоѓа во Скопје, а отсега оваа трговска марка ќе биде достапна и во Тетово.

Испрати коментар

Scroll To Top