Насловна / Архитектура / Се отвори новиот Музеј на Баухаус во Десау

Се отвори новиот Музеј на Баухаус во Десау

Додека кај нас никој не се сети да одбележи, целиот свет, а особено Германија цела година ја слави стогодишнината од формирањето на школата Баухаус во 1919 година. Централен настан во слава на школата која направи револуција во креативниот и уметнички начин на размислување и работа ширум светот е отворањето на новиот музеј во Десау кое се случи во неделата на 8. септември.

Screenshot_1
Музејот за прв пат ѝ обезбеди на публиката трајно претставување на исклучителната колекција на Фондацијата Баухаус во најдобри конзерваторски услови.
Школската зграда во Десау на Валтер Гропиус во 1994 година е преуредена во дом на новоосновата Фондација Баухаус, институција посветена на зачувувањето на наследството на Баухаус и на промоција на истражувања и иновации во современиот дизајн, архитектура и визуелни уметности. Но сепак школската зграда не е прикладна за изложбен простор, а Фондацијата планирала да ја користи онака како што била и замислена, како образовен центар и архива и да ги преместува изложбите во зависност од условите и потребите. Колекцијата на Фондацијата денес опфаќа околу 49.000 експонати и е втора по големина колекција во светот на тема Баухаус.

100

Поради тоа се јавила потребата да се воспостави нов музеј на Баухаус во Градскиот парк Десау во комплетно нов објект. Фондацијата во 2015 година распишала отворен меѓународен архитектонски конкурс, на учесниците им е доставен материјал, услови на конкурсот и проектна програма на 124 страници. Главното прашање на кое се барал одговор е што може архитектурата и што може да биде Баухаус во 21 век? Како одговор пристигнале 831 трудови од различни тимови, со различни решенија, безброј коцки, необични решенија, високи згради, подземни згради, па дури и саеми. Конкурсот се одвивал во две фази, а жирито кое броело 13 члена во својот состав имало германски планери и архитекти, меѓу кои и архитект Клаудиа Перен, директорката на Фондацијата, градоначалникот на Десау, министерот за култура на Саксонија-Анхалт и Крис Деркон, директорот на лондонската галерија Tate Modern.

6006_12.0

проектантското биро од Барселона Gonzalez Hinz Zabala (горе)

и бирото Young & Ayata од Њујорк (доле)

Според конкурсната постапка во втората фаза се избрани 30 финалисти за на крај жирито да додели две први награди на проектантското биро од Барселона Gonzalez Hinz Zabala и бирото Young & Ayata од Њујорк, трета награда за Berrel Kräutler AG од Цирих, четврта за Ja Architecture Studio од Торонто и уште три специјални награди. Клаудиа Перон, директорката на Фондацијата коментирајќи ја одлуката за јавен конкурс изјави: „Свесно се одлучивме за отворен, анонимен, меѓународен конкурс за да им дадеме вистинска шанса на младите проектантски бироа и меѓународните архитекти“.

bau1
Локацијата за музејот Баухаус се наоѓа во парк во центарот на Десау и ја интегрира зградата на музејот и пејзажот на паркот, почитувајќи ги постоечките квалитети и намени. Просторот на новиот музеј зафаќа површина од 3.500 квадратни метри, вклучувајќи 2.100 квадратни метри изложбен простор. Музејот и паркот се надополнуваат и ја збогатуваат локацијата како културен центар.

bau2

Организаторите на конкурсот очекувале резултат и барале проект кој ќе ги имплементира посакуваните квалитети и функционален концепт во рамки на планираната цена на чинење и времето потребно за изградба на објектот, а истовремено да го претстави Баухаус на уверлив и современ начин.

1stPlaceExhibitionFloor_Plan 1stPlaceGroundfloorPlan

проект на Gonzalez Hinz Zabala

Во својот извештај жирито на конкурсот меѓудругото за првонаградениот проект на младото шпанско биро Gonzalez Hinz Zabala вели: „Новиот Баухаус музеј себеси се замислува како иконографско наследство – помалку е повеќе – и со своето стаклено фоаје приказната комуницира помеѓу животот на градот и општинскиот парк и привлекува посетители. Стаклената обвивка околу целата зграда пружа максимална кустоска слобода за поставување изложби. Објектот ја претставува првобитната намера на Баухаус – да биде отворена школа. Во поглед на функционалноста и можноста за поставки во сите простори, овој проект е мошне добар придонес – музејската зграда е инструмент за изразување активности и продуктивност, креативност и општествена интеракција“.

6b9cafa8a9617b5baa5132a274d51e1b

5f7a9f7edcf96769eb617e54347131ea

проект на Gonzalez Hinz Zabala

Додека за другиот првонаграден проект на бирото Young & Ayata од Њујорк, вели: „Зградата е замислена како отворен колектив. Таа е самостојна структурална обвивка која ќе стане нова референтна точка во урбаната средина. Концептот на дизајнот има сугестивна моќ и голема вредност на препознавање. Упатува на разновидните принцип на Баухаус кои се формулирани на конечен начин. Ова што е создадено е силно, одважно и фасцинантно архитектонско сведоштво на 21 век, кое во глобалната конкуренција ќе создаде единствена трага“.

IstPlace2MainFloorPlan

2015-037-Title

проект на Young & Ayata

По објавување на конкурсните резултати и извештајот на комисијата започната е мошне интензивна фаза на преговори под раководство на директорката Перен со двете првонаградени бироа. По завршување на преговорите, договорот за изработка на изведбениот проект е доделен на шпанското биро Gonzalez Hinz Zabala. Во преговорите бил вклучен и експерт со стручни мислења на трети страни во однос на трошоците на изградбата и трошоците на користење.

Young_Ayata_1

проект на Young & Ayata

Постапката во преговорите опфаќала и организација на изработка на проектот и завршување на проектот во предвидениот рок, како и почитување на лимитот на трошоците, одржливоста на објектот и оптимизација на трошоците на експлоатација на објектот. Поедноставно кажано за разлика од нашето лошо искуство со конкурсите, потребен бил објект кој ќе биде квалитетна и функционална архитектура, одржлива зграда во рамки на материјалните можности и притоа архитекти способни сами да си го изработат сопствениот проект и развијат до крај сопствената идеја, кој нема да отстапува од идејното решение приложено на конкурсот.

bfece975ee06b601470ddde0bf1b74ec

проект на Gonzalez Hinz Zabala

Директорката на Фондацијата смета дека исходот од преговорите е добар, особено во однос на градежните и архитектонските критериуми: „Двајцата добитници на првата награда не можеа повеќе да се разликуваат во својот архитектонски концепт на музејот. Во текот на преговорите стана очигледно дека проектот на шпанското биро може да се реализира во рамки на буџетот од 25 милиони евра, без притоа да се наруши архитектонскиот квалитет и функционалност“.

e4fe9389d474571213618c01db0ffddf

проект на Gonzalez Hinz Zabala

Архитектонското биро Gonzalez Hinz Zabala е колектив во кој се негува индивидуалноста. Архитектурата ја сфаќаат како просторен дизајн за општествен и културен развој на нашето време. Едноставноста е нивниот јасен принцип. Архитектурата на објектот се карактеризира со јасност, прецизност, едноставност и луцидност во концептуализацијата и реализацијата на планот за дислокација на просторот и усвојува креативен пристап кон модернистичкиот дизајнерски речник. „Ниту еден друг проект не успеа да го реализира нашиот програмски концепт за лабораторија, работилница, отворена куќа, толку успешно“, сметаат нарачателите на проектот.

Dessau-Bauhaus-Museum-Baustelle

Музејот на Баухаус во самиот центар на Десау

Зградата – стаклена коцка, сместена во самиот центар на Десау го прави објектот подеднакво транспарентен за градот и градскиот парк и ги повикува посетителите, минувачите и жителите на градот. Концептот на музејот е – зграда во зграда – која се состои од издигнат челичен блок во стаклена обвивка. На горниот кат е сместена „црна кутија“ која овозможува презентација на колекцијата. Овде ќе се извршуваат музејските работи како што се собирање, чување, конзервација и заштита на експонатите. Транспарентното приземје, фоајето на музејот, има улога на отворена платформа, која меѓудругото нуди и кустоска слобода за организирање привремени изложби на современи дела и настани.

b-bauhausmuseum-220119
Изградбата на музејот е почната во декември 2016 година. Локацијата е доделена од општината Dessau-Roßlau, вкупната цена на музејот изнесува 28 милиони евра, средства кои ги покрива федералната држава и сојузната држава Саксонија-Анхалт.
На централниот настан на прославата на стогодишнината на Баухаус, свеченото отворање на овој музеј на осми септември во 11 часот, присуствуваше и го отвори и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа пред публиката од околу 400 луѓе изјави: „чувствувам фасцинација со проектот Баухаус, се надевам дека музејот ќе го одржи посебниот дух на Фондацијата Баухаус“.

ангела

Се одржа и изложба на отворено која ја организираа Фондацијата Баухаус и градот Десау. Во 15 часот се отвори изложбата во сега веќе музејот на Баухаус „Versuchsstätte Bauhaus. The Collection“.

c897de829fb4344df726e4b436553c49

Присутните ги поздрави и директорката на Фондацијата Баухаус Клаудиа Перен и градоначалникот на Десау, Петер Курас. Колекцијата се простира на 1 500 квадратни метри и содржи архитектура, мебел, осветлување, текстил, тапети, типографија – современа секојдневна култура која денес ја земаме здраво за готово, а која била создавана во Десау во 20-тите години на минатиот век.

naslovna1

csm_Leben_Bauhausmeister_auf_dem_Dach_des_Bauhauses_7239548328

Професорите на кров на отворање на новата зграда во Десау, 1926: Josef Albers, Hinnerk Scheper, Georg Muche, László Moholy-Nagy, Herbert Bayer, Joost Schmidt, Walter Gropius, Marcel Breuer, Wassily Kandinsky, Paul Klee, Lyonel Feininger, Gunta Stölzl, Oskar Schlemme

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top