Насловна / Вести / Се гради втората ORC геотермална електрана во Хрвaтска

Се гради втората ORC геотермална електрана во Хрвaтска

Во близина на Копривница, Хрватска, компанијата MB Holding од Турција, започна да ја гради втората геотермална електрана која користи напредна ORC (Organic Rankine Cycle) технологија. Годишно ќе произведува 165GWh електрична енергија.

Ова е втор ваков проект во Хрватска, истовремено втор проект за турската компанија, која веќе управува со геотермалната електрана во близина на Бјеловар. Тоа беше првата хрватска геотермална електрана и најголема во ЕУ која работи на принципот на ORC.

ORC системите овозможуваат производство на електрична енергија користејќи различни извори, како што се обновливите извори на енергија (геотермална, биомаса, соларна енергија), традиционалните горива и отпадната топлина од индустриските процеси.

Среднорочните планови на MB Holding во Хрватска вклучуваат изградба на геотермални електрани со вкупна инсталирана моќност од   80 MW.

MB Holding1

MB Holding2

MB Holding3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top