Насловна / Вести / „Саут стрим транспорт“ доби дозвола за изградба на „Јужниот тек“

„Саут стрим транспорт“ доби дозвола за изградба на „Јужниот тек“

gasovod
Руското министерство за градежништво и станбено-комунални услуги на компанијата „Саут стрим транспорт“ ѝ издаде дозвола за изградба на гасоводот „Јужен тек“, соопшти денес таа компанија. Во согласност со тој документ, компанијата ќе може да ги почне подготвителните работи на морскиот брег, во Русија, предвидени со проектната документација, пренесува Танјуг, повикувајќи се на ИТАР-ТАСС.

Според руското законодавство, дозвола за поставување на кабли под вода, во внатрешните и во територијалните води на Русија, и цевковод на континенталниот дел мора да издаде и Министерството за заштита на природните богатства и животна средина. Дозволата ововзможува да почне изградбата на техничка инфраструктура, на сите линии на копно и четири микротунели. Благодарејќи на тие тунели ќе нема градежни работи во близината на брегот, што ќе овозможи да се сочуваат природните пејзажи на рускиот брег.

Anapa
Како што се наведува во денешното соопоштение на „Гаспром“, „Саут стрим транспорт“ почнува да го подготвува градилиштето во реонот на Анапа, ги уредува пристапните патишта, довезува градежни машини, опрема и материјали и презема мерки за заштита на ретките видови животни и растенија.

Добивањето градежна дозвола следи откако Комисијата за државна експертиза даде позитивно мислење за проектната документација за рускиот дел од морскиот гасовод, вклучувајќи го и извештајот за влијанието врз животната средина. Извештаите ги направија руски и меѓународни експерти, кои извршија низа испитувања на животинските и растителните видови во акваторијата на Црно Море во областа каде што ќе се гради гасоводот, околу градот Анапа.

Испрати коментар

Scroll To Top