Насловна / Вести / Дигитализација на мапите на Њујорк од 19 век

Дигитализација на мапите на Њујорк од 19 век

1807_Bridges_Map_of_New_York_City_(1871_reissue)_-_Geographicus_-_NewYork-bridges-1871
Додека кај нас Катастарот работи на дигитализација на состојбата на изградените објекти, во САД се работи на дигитализација на мапите од минатото.

Како што пренесува Gradnja.rs, Јавната библиотека на градот Њујорк го покренала проектот наречен Building Inspector, чија намера е да се направи дигитален атлас на историјата на градот.

Планот е јавно да се објават во дигитална форма колекциите на карти и планови на градот, кои се протегаат во периодот од 1800 година па сè до денес.

За таа цел се повикуваат волонтери. Нивната задача ќе биде да ја поминат колекцијата од 500 илјади поединечни карти, како и 20 илјади атласи и да ја испитаат нивната точност и прецизност.

newyork-maps-600x352
За вработените во библиотеката најголем проблем било да ги стават на Интернет споменатите стари мапи, бидејќи тие често се изработувани во различни формати и размери. Нивниот софтвер успеа да ги стави сите мапи во ист формат, но сега е потребно да се провери точноста и прецизноста на ставената содржина. Тоа ќе биде задачата на волонтерите во овој проект.

Крајната цел на Building Inspector е да се создаде широка база на податоци која ќе може да се пребарува како и, на пример, да се најде точната локација на некоја кафеана и ресторан кој бил популарен во средината на 19 век.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top