Насловна / Архитектура / Саудиска Арабија подготвува огромен “Прозорец кон иднината“ за својот павилјон на Expo Dubai 2020

Саудиска Арабија подготвува огромен “Прозорец кон иднината“ за својот павилјон на Expo Dubai 2020

Кралството Саудиска Арабија, го претстави проектот за својот павилјон на Expo 2020 Dubai. Проектот ќе зафати област со површина на две фудбалски игралишта, и ќе биде втор по големина на овој настан веднаш зад оној на Обединетите Арапски Емирати. Дизајниран од страна на Boris Micka Associates, павилјонот е конципиран како „Прозорец кон иднината“ кој го симболизира историското наследство на нацијата, срдечноста, но и очекувањата од иднината. Посетителите на павилјонот може да очекуваат „впечатливо искуство за трансформацијата на ова кралство“. Креиран за да биде веднаш препознатлив за посетителите на настанот, овој правоаголен и рефлектирачки павилјон ќе биде поставен под агол.

Изградбата на павилјонот започна во февруари 2019. Досега 190 нации го имаат потврдено нивното учество на Expo 2020. Настанот ќе започне во октомври следната година, а ќе се затвори шест месеци подоцна.

saudi1

saudi2

saudi3

saudi4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top