Насловна / Вести / „Самсунг“ им се извини на своите вработени заболени од рак

„Самсунг“ им се извини на своите вработени заболени од рак

Компанијара „Самсунг“ им се извини на работниците кои заболеле од рак работејќи во фабриките на овој гигант. На овој начин завршен е судскиот спор кој трае веќе десетина години, откако таткото на една поранешна работничка почината во својата 22-ра година, потпиша нагодба со еден од претседателите на компанијата Ким Кинам.

“Искрено жалиме и се извинуваме на сите заболени работници и на нивните семејства. Не успеавме правилно да ги решиме здравствените ризици во нашите фабрики за LCD и полупроводници“ вели Ким Кинам. Според спогодбата која е потпишана минатиот месец, „Самсунг“ ќе исплати оштета од 133.000 УСД по лице, на група поранешни работници.

Надоместокот ќе им с еисплати на лица кои заболеле од 16 различни видови на карцином, жените кои имале спонтани абортуси, и оние семејства кои добиле деца со пречки во развојот.

Сепак, „Самсунг“ одби да открие кои штетни супсанции се користат во производството, истакнувајќи дека се работи за деловна тајна.

SKOREA-SAMSUNG-TELECOMMUNICATION-HEALTH

 

samsung3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top