Насловна / Вести / Самолекувачки полимер кој се обновува за само неколку минути

Самолекувачки полимер кој се обновува за само неколку минути

Logo_KIT.svg
Истражувачите од германскиот Институт за технологија во Карлсруе развија самолекувачки полимер, кој може сам да се поправи и во целост да ги обнови своите механички особини, само за неколку минути, кога ќе се загрее на ниски температури. Материјалот може да се користи за правење на самообновливи заптивни маси, бои отпорни на гребење и посигурни пластични компоненти зајакнати со влакна.

Постојат неколку клучни предности на новиот приод. Процесот на самолечење може да почне со примена на топлина, светлост или хемиска супстанца. Второ, за обновата се потребни само неколку минути, ако се примени релативно ниска температура (120 степени Целзиусови). И на крај, механичките карактеристики на материјалот можат да бидат обновени во целост, а полимерот, теоретски, на овој начин може да се крши и да се составува неограничен број пати. Научниците од Институтот сметаат дека нивната метода може да се примени и на други видови веќе позната пластика и дека може да се користи за промена на механичките карактеристики на материјалите со висок степен на прецизност.

Потенцијалните примени можат да вклучат пластични компоненти зајакнати со влакна, брза изработка на прототипови, лепила, композитни материјали, бои отпорни на гребнатини и самоисцелувачки заптивни маси.

Истражувањето е објавено во најновиот број на списанието „Advanced Materials“.

Испрати коментар

Scroll To Top