Насловна / Вести / Почнува Белградска интернационална недела на архитектура (БИНА)

Почнува Белградска интернационална недела на архитектура (БИНА)

bina 2014

Вечер, со почеток во 19 часот, во Културниот центар на Белград, почнува Белградска интернационална недела на архитектура (БИНА). Организатори се Здружението на архитекти на Белград и КЦ Град. Манифестацијата ќе трае до 31 мај, а ќе има голем број архитектонски и урбанистички изложби, предавања и работилници за промоција и популаризација на архитектурата. Еден од коорганизаторите на овој настан е Центарот за промоција на наука, кој по трет пат организира архитектонски работилници во рамките на БИНА.
Оваа година организаторите на настанот, насловен „Простори на јавноста“, се посветени на случувања кои ја нагласуваат важноста и суштината на урбаниот простор како идентитет на еден град.
На голем број локации на граѓаните ќе им бидат презентирани урбанистички решенија, како на локални простори така и на оние во големите градови на светот. На Неделата на архитектура ќе се презентираат проекти на интервенциите во јавните простори на белградските општини.
Меѓу другото, за времетраењето на БИНА ќе се организираат посети на Големото воено острово, алеата на Новите гробишта, Савскиот брег, и „прошетка“ низ историјата на Савамала.
Значајно место на овогодишната Белградска меѓународна недела на архитектура ќе биде и проектот Knock on wood, односно „Чукни во дрво“, кој има за цел да ја подигне свеста на локалните заедници за вредноста на дрвната архитектура и поттикнување на дизајнерски и архитектонски образовни програми кои би биле вклучени во наставата.

Испрати коментар

Scroll To Top