Насловна / Архитектура / Саграда Фамилиа: Блеснаа уште две кули на ремек-делото на Гауди (ВИДЕО)

Саграда Фамилиа: Блеснаа уште две кули на ремек-делото на Гауди (ВИДЕО)

Базиликата Саграда Фамилиа во Барселона ги осветли терминалите на кулите на евангелистите Лука и Марко, прославувајќи го на тој начин завршувањето на овие две нови градби кои достигнуваат висина од 135 метри.

2

Заедно со кулата Девица Марија, официјално отворена во декември 2021. година, завршена е изградбата на три од шесте централни кули на ремек-делото на познатиот шпански архитект Антонио Гауди.

Кулите на Матеј и Јован до крајот на годината

Естев Кампс, претседателот на одборот за изградба на храмот, во интервју за ArchDaily истакна дека Саграда Фамилиа моментално ги фокусира своите напори на завршување на јадрото со централните кули и се надеваат дека ќе ги завршат кулите на Матеј и Јован до крајот на 2023 година.

1

Според нацртите на Гауди, врвовите на кулите ги претставуваат евангелистите со соодветната фигура на тетраморфот, а на 16 декември минатата година, беа осветлени скулптурата на вол на врвот на кулата на евангелистот Лука и скулптурата на лав што го претставува евангелистот Марко.

0

Скулптура на вол на кулата на евангелистот Лука (лево) и скулптура на лав на кулата на евангелистот Марко (десно)

Ликови на тетраморф од тасоски мермер за сите четири евангелисти се дело на локалниот вајар Хавиер Медина Кампења.

Како што објаснува Жорди Фаули, главниот архитект на проектот Саграда Фамилиа, крилата се заеднички елемент за четирите кули на евангелистите и се генерирани со „последната геометрија која ја користел Гауди, со голем елиптичен хиперболоид“.

5

кулата на евангелистот Лука

Во соопштението за јавност се наведува дека кулата на Исус Христос се очекува да биде завршена во 2026. година, што ќе се совпадне со стогодишнината од смртта на Антонио Гауди. Истата година, Барселона би требало да биде светска престолнина на архитектурата на УНЕСКО.

4

кулата на евангелистот Марко

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top