Насловна / Вести / Саем за чиста енергија во Скопје

Саем за чиста енергија во Скопје

Go-Green

Претставници од универзитетите и компаниите од Македонија, преку кратки презентации на програмите за студии и стипендии, како и за нивните технологии и можноста за вработување и практика на младите, ќе се претстават на Саемот за чиста енергија, што на 16 и 17 јуни се одржува во Скопје како дел од Европската недела на одржлива енергија.

На саемот, кој е во организација на Здружението на граѓани „Гоу Грин“, а во партнерство со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Француската амбасада во Скопје, младите можат да се поврзат со компаниите што работат на обновлива енергија и универзитетите што нудат студии од оваа област, и да се информираат за можностите за академски и професионален развој.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top