Насловна / Вести / Затворање на термоелектраните во ЈИЕ и замена со обновливи извори на енергија

Затворање на термоелектраните во ЈИЕ и замена со обновливи извори на енергија

analyticomk

Енергетскиот модел на проектот СЕЕ СЕП покажува дека за регионот на Југоисточна Европа поисплатливо е да се применат климатските политики на ЕУ за 2050 г. отколку да продолжи со градење термоелектрани. Според енергетскиот модел за седум земји од регионот на ЈИЕ, се покажа дека технички е изводливо во ЈИЕ да се постигнат ЕУ климатските цели за 2050 год.(намалување на емисиите за 80% до 2050). За да се постигнат овие ЕУ цели, до 2050 год. треба да се затворат термоелектраните во ЈИЕ и да се заменат со обновливи извори на енергија.

Втор значаен резултат од моделот е дека за земјите од ЈИЕ поевтино е да ги применат климатските цели на ЕУ за 2050 отколку да продолжат да инвестираат во термоелектрани. Моделот, исто така, покажува дека со следење на климатските политики на ЕУ, до 2050 год. земјите од регионот не само што ќе ги намалат своите емисии, туку ќе оневозможат дополнителни здравствени трошоци како последица од климатските промени.

Енергетскиот модел, исто така покажува дека со регионална соработка визијата да се постигнат климатските цели на ЕУ и со тоа да се има одржлива енергетска реалност со нови работни места може да стане реалност.

analyticomk

Моделот развива нискокарбонски сценарија до 2050, а подготвен е во рамките на проектот СЕЕ СЕП, во кој Аналитика учествува од самиот почеток, и се темели на јавни податоци и консултации со над 500 чинители. Енергетскиот модел првобитно е развиен од Одделот за енергија и климатски промени на Обединетото Кралство. Искуствата од таму укажуваат дека дискусијата за енергетските прашања е поквалитетна ако е отворена. За таа цел, овој модел е од отворен карактер и секој чинител или граѓанин може да го погледне и да го користи.

Денес, на 17 јуни 2015, овој модел се презентира на конференција во Европската комисија во Брисел како дел од Енергетската недела на ЕУ.

СЕЕ СЕП партнери од земјите на ЈИЕ се СЕЕ Чејнџ Нет (Босна и Херцеговина), Аналитика (Македонија), АТРЦ (Косово), ЦЕКОР (Србија), ЦПИ (Босна и Херцеговина), ЦЗЗС (Босна и Херцеговина), DOOR (Хрватска), ЕДЕН (Албанија), Еколевезијa (Албанија), Еко-свест (Македонија), Форум за слобода во образованието (Хрватска), Фрактал (Србија), Фронт 21/42 (Македонија), Грин хоум (Црна Гора), МАНС (Црна Гора), Акциска мрежа за кима Европа и ХЕАЛ (Здравствена и еколошка алијанса).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top