Насловна / Вести / RWE развива кластер ветерни електрани со моќност од 1300MW

RWE развива кластер ветерни електрани со моќност од 1300MW

RWE и Northland Power ја зајакнуваат својата позиција на германскиот offshore пазар. Имено, овие компании ги здружиле силите со цел заедно да развијат кластер ветерни електрани со вкупна инсталирана моќност од 1300 MW во германското Северно море. Партнерите воспоставиле структура на заедничко вложување преку која планираат заеднички да развијат и изградат три ветерни паркови, за кои се очекува дека ќе започнат со комерцијална работа помеѓу 2026 и 2028 година.

rwe1

RWE Renewables ќе има 51%, a Northland Power 49% удел. Новиот кластер на ветерни електрани на море вклучува вкупно три закупи на ветерни електрани на море. За една локација (N-3.8) со моќност од 433 MW, електраната е веќе обезбедена на последната германска аукција. Останатите две локации ќе додадат нови 900MW инсталиран капацитет и се очекува да бидат на аукција во 2023 година. Новиот кластер на ветерни електрани ќе биде во близина на постоечката ветерна електрана Nordsee One со инсталирана можност од  332 MW, во која Northland и RWE веќе се партнери.
rwe2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top