Насловна / Вести / Новиот хиперсоничен авион на Boeing со брзина од 5 Mаха

Новиот хиперсоничен авион на Boeing со брзина од 5 Mаха

Новиот концептен хиперсоничен авион на Boeing, би можел да послужи како духовен наследник на авионот SR-71 Blackbird, кој може да достигне брзина од 3 Маха. Boeing го претстави моделот и рендерот на концептниот delta-wing авион во текот на форумот AIA SciTech, а станува збор за авион за напад и извидување кој во теоријата би можел да лета со брзина која е 5 пати поголема од  брзината на звукот. Тоа би се постигнало благодарение на waverider конфигурацијата која му овозможува користење на сопствените ударни бранови генерирани во текот на летот.  Компанијата интерно го нарекла овој авион Valkyrie II, a моментално сеуште е во фаза на концепт.

boeing1

Valkyrie II е еволуција на концептот на Boeing од 2018 година, под името Valkyrie, а кој претставува хиперсоничен патнички авион, и реализира патување од Њујорк до Лондон за само два часа. Lockheed Martin и Boeing во својот нов дизајн користат мотор со комбиниран циклус за достигнување на брзини од најмалку 3 Маха, а потоа се преминува на нов концепт за достигнување на поголеми брзини.  Lockheed Martin се здружил со компанијата Aerojet Rocketdyne во развојот на моторот, додека Boeing соработува со  Orbital ATK. SR-72 би можел да реализира пробен лет во 2025 година, а се очекува брзина од 6 Маха, односно 7.400 km/h.

boeing2

boeing3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top