Насловна / Архитектура / Руска монтажна куќа која се гради за еден ден

Руска монтажна куќа која се гради за еден ден

Руските архитекти Иван Овчиников, Олга Сандакова и Кирил Казаков имаат проектирано монтажна викендица која може да се состави и подготви за употреба за еден ден.

Ruska

Исто како парче мебел на ИКЕА, модуларната куќа TOPOL 27 е направена од неколку делови кои можат да се транспортираат со автомобил и да се склопат на самото место.

За разлика од другите слични монтажни куќи, таа е целосно опремена со мебел, светилки, прибор за јадење.

Ruska1

Куќата се простира на 27 метри квадратни и има спална соба, кујна, дневна, бања и гардеробер.

Самата конструкција е исто така изградена од природни материјали, со дабово дрво и црн метал за ѕидовите и камен за кујнските површини.

Ruska2

“Сонувавме да направиме куќа што купувачот може да ја земе од складиштето, да ја инсталира истиот ден и веднаш да почне да ја користи, без да губиме време на доработка, избор на мебел, кујна, прибор и украси“, изјавија руски архитекти за Calvert Journal.

Ruska3

Испрати коментар

Scroll To Top