Насловна / Арт и дизајн / Rob Janoff, творецот на најпознатото лого во светот – Apple

Rob Janoff, творецот на најпознатото лого во светот – Apple

Rob Janoff е американски графички дизајнер познат по својата работа на корпоративно брендирање, огласување и телевизиски реклами. Признание стекнал со за дизајнирање на иконичното лого на Apple во 1977 година. Janoff придонел и за дизајнирање проекти за IBM и Intel.

Во времето на неговата прва средба со Steve Jobs на почетокот на 1977 година, Apple Computer сè уште биле во зачеток, бидејќи бил регистрирана помалку од една година. Канцелариите на Apple биле во локален трговски центар и биле составени само од трите партнери – Steve Jobs, Steve Wozniak и Mike Markkula.

Првичниот развој на идентитетот требало да се совпадне со претставувањето на првиот персонален компјутер на брендот, Apple II. Целиот процес на дизајнирање траел околу две недели. Единствената насока што му била дадена е да „не го прави слатко“ – остра спротивност со деталните спецификации што обично ги барале корпоративните клиенти од тоа време. Оваа минималистичка насока ќе се покаже како клучна за трајниот успех на логото. По првиот состанок, Janoff почнал да работи на развивање на иконата на Apple врз основа на неговото испитување на физички пресеци на вистински јаболка. Потоа била создадена една дизајнерска илустрација на јаболко во бои на виножито.

Дизајнот со разнобојни ленти брзо го одобрил Steve Jobs. Потоа е развиена продукциска графика за печатени реклами, хардверски амблеми и софтверски етикети на касети, сè како подготовка за лансирањето на Apple II во април 1977 година на саемот за компјутери – West Coast Computer Fair. Во следните 20 години, сега познатото лого во „виножито верзија“ ги красеше сите производи на Apple, од компјутерските производи до Newton PDA. Единствениот концепт што некогаш му беше претставен на Apple беше моментален успех.

Каснатото јаболко, денес е тема на дела на карикатуристи и дизајнерите на постери, тие се шегуваат со него, го лепат на своите автомобили и го копираат во огромни количнини што со ниедно друго лого досега не се случило. Rob Janoff, тогаш млад човек, никогаш не замислувал дека Apple ќе стане најскапиот бренд.

„Поминаа повеќе од 40 години откако оригиналното лого беше првпат прикажано и не можам ни да претпоставам колку луѓе го виделе. Дизајнот ја доби честа за најпрепознатливо лого во светот, повеќе од Кока-Кола и Гугл. Прилично сум горд на тоа!“, вели Janoff.

Дизајнерот на логото на Apple повикува да не се бараат скриени значења во шемата на боите на првото логото. Вели дека логото што го развил го одразувало полето на активности на компанијата. Apple произведувал компјутер со монитори во боја, затоа јаболкото било обоено. Екранот од тоа време можел да генерира шест бои. Споредбата на логото на јаболкото и виножитото е ирелевантна бидејќи виножитото се состои од седум бои, а не од шест. Зелената била главната боја за Janoff, распоредот на другите бои e случаен.

Симболот на јаболкото, логото на компанијата Apple, има длабоко значење – симболизира знаење. Овој симбол е еден од најстарите и најважните во западната митологија. Во Библијата, Адам и Ева биле искушани и каснале јаболко, тоа бил нивниот прв вкус на знаење. После тоа се засрамиле. И како резултат на тоа, овој прв вкус го претставува падот на човекот.

Испрати коментар

Scroll To Top