Насловна / Архитектура / Реплика на Глоб театар на Шекспир од контејнери

Реплика на Глоб театар на Шекспир од контејнери

Познатиот цитат на Вилијам Шекспир „Целиот свет е сцена“ може да стане реалност, доколку се реализира идејата за изградба на театри од транспортни контејнери, според моделот на познатиот Глоб театар на Шекспир во Лондон.

Оправдувањата за недостиг од финансиски средства за инвестирање во театри, повеќе нема да држат вода.glob-teatar-od-kontejneri_10

Наместо дрво, за градење на театри би се користеле готови метални компоненти кои, според авторите на проектот, новите Глоб театри би имале „панкерски“ шмек, но, исто така, би овозможиле и голема мобилност, пишува Аrchdaily.glob-teatar-od-kontejneri_02

Проектот Container Globe е идеја на тимот под името Vail, кој го чинат Nicholas Leahy како главен архитект и Michael Ludvik како градежен инженер. Leahy веќе има искуство со оригиналниот Глоб театар, каде што работел како дел од тимот во текот на 80-тите години на минатиот век.glob-teatar-od-kontejneri_01

Според овој проект, најголемиот дел од театарот би бил изграден од контејнери што ќе ја формираат галеријата за гледачи. Целата конструкција би била обвиткана од тешка индустриска мрежа, која би овозможувала заштита од ветер и дожд, но исто така би помогнала и во создавањето на помек звук внатре во театарот.glob-teatar-od-kontejneri_03

Просторот освен за претстави, би бил на располагање и за организирање на концерти и изложби.glob-teatar-od-kontejneri_04 glob-teatar-od-kontejneri_05 glob-teatar-od-kontejneri_06 glob-teatar-od-kontejneri_07 glob-teatar-od-kontejneri_09 glob-teatar-od-kontejneri_08

Плановите за изградба на првиот Container Globe во Детроит, и ако идејата успешно помине на Kickstarter, театрите од контејнери би можеле да се прошират по целиот свет.

Испрати коментар

Scroll To Top