Насловна / Вести / Рекордно производство од хидроцентрали во 2017 на глобално ниво

Рекордно производство од хидроцентрали во 2017 на глобално ниво

Во 2017 година, остварено е рекордно производство на електрична енергија во светските хидроцентрали, дури 4185 TWh. Ова е објавено во „Извештајот за состојбите со хидроенергијата“  подготвен од страна на Меѓународното здружение за хидроенергија (IHA). Истовремено, во 2017 година моќноста на светските хидроцентрали е зголемена за 21,9 GW  и сега достигнува 1267 GW. Најмногу новоинсталирана моќност има во Источна Азија и Пацифик  (9,8 GW), а потоа следуваат Јужна Америка  (4,1 GW),  Јужна и средна Азија (3,3 GW), Европа (2,3 GW), Африка (1,9 GW) и Северна и Средна Америка  (500 MW).  Најголема инсталирана моќност има Кина (9,1 GW), а потоа следуваат Бразил  (3,4 GW), Индија (1,9 GW), Португалија (1,1 GW) и Ангола (1 GW). Се проценува дека благодарение на производството на електрична енергија во хидроцентралите наместо во термоцентралите на јаглен, емисиите на стакленички гасови во 2017 година се намалени за околу 4 милијарди тони.

HP report 1

HP report 2

Испрати коментар

Scroll To Top