Насловна / Вести / Реконструкција на патот Велес – Кадрифаково

Реконструкција на патот Велес – Кадрифаково

veles - kadrifakovo

  По комплетирањето на првата фаза од проектот, Јавното претпријатие за државни патишта го продолжува процесот на реконструкција на главната источна магистрала А3, на потегот од Велес до Кадрифаково. Претстојниве недели треба да стартува реконструкцијата на делницата од велешката депонија до селото Лозово, а денес во печатените медиуми беше објавен и огласот за прибирање понуди од градежните компании за реализација на третата фаза, која ја вклучува рехабилитацијата на трасата Лозово – Сарамзалино – Кадрифаково во должина од 10,7 километри. Покрај реконструкцијата на постоечкиот коловоз, на овој потег е предвидена изградба на дополнителна коловозна лента и проширување на патот од 11,1 метри. Финансиските средства за проектот се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

  Заинтересираните компании до Јавното претпријатие треба да достават понуди и доказ за постоење банкарска гаранција во износ од 100.000 евра најдоцна до 5 мај. Меѓу пропишаните критериуми за учество на тендерот е наведен и условот градежната фирма да остварила годишен обрт во износ од 10 милиони евра за секоја година од периодот 2010-2012 година. Магистралниот пат од Велес до Кадрифаково е долг околу 24 километри и претставува најфреквентна, но и најопасна патна делница во источниот дел на Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top