Насловна / Вести / Реконструкција на манастирскиот комплекс Зрзе

Реконструкција на манастирскиот комплекс Зрзе

rek manastir - zrze_1

 Со санацијата на североисточниот бедем на манастирскиот комплекс Зрзе, Прилепско, продолжува проектот за заштита на овој значаен споменик на културата, соопшти денеска Министерството за култура. Оваа етапа следи по веќе комплетираната реконструкција на владичиниот конак, а во моментов во завршна фаза е и санацијата на монашкиот конак, во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. До крајот на годинава треба да биде реализиран проектот за изведба на горна порта, како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс.

 Во изминатиов период на оваа локација беа спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од IV, V и VI век. Паралелно со реконструктивните зафати во склоп на манастирскиот комплекс „Зрзе“, Јавното претпријатие за државни патишта го гради и локалниот пат во должина од 7,5 километри до овој значаен културен и верски објект. Патната врска ќе биде комплетирана за помалку од една година.

rek manastir - zrze_3rek manastir - zrze_2

Испрати коментар

Scroll To Top