Насловна / Вести / Реконструирана градинката „Корчагин“ по 35 години

Реконструирана градинката „Корчагин“ по 35 години

По речиси четири децении, матичниот објект на најстарата градинки во општина Центар, „Корчагин“, е реконструиран.

Децата во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојуваа во несоодветни услови, прозорците и креветчињата беа стари и дотраени. Фасадната столарија не била сменета цели 35 години, при што се губел голем дел од топлинската енергија и децата не биле соодветно заштитени од студ и провев.Slika (2)

Општина Центар замени 102 прозори и постави нови и модерни прозори, како и 6 коморни прозорци, кои се енергетски ефикасни, со 4 сезонско стакло.Slika (5)

Заедно со новите 18 поставени врати, градинката „Корчагин“ сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 121,95 Kwh на м2 годишно, а сега 60 Kwh.

Slika (4)

Почитувајќи го начелото на транспарентно работење, Општина Центар и Форумот на заедницата  организираа  граѓански форум, на кој невладините организации и граѓаните изгласаа токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката “Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.Slika (3)

Половина од средствата за реконструкција ги обезбеди општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија.Slika (1)

Испрати коментар

Scroll To Top