Насловна / Вести / Редизајниран стан во Валенсија, Casa Inversa

Редизајниран стан во Валенсија, Casa Inversa

Архитектонското биро Destudio реконструирало стан во Валенсија со површина од 150 квадратни метри, менувајќи ги позициите на просторот за живеење и за спиење, со цел да се подобри начинот на живот на сопствениците.

8

Децата на брачниот пар се веќе возрасни, повеќе не живеат со нив и Destudio оваа промена во околностите ја виделе како можност да создадат сосема нов и посоодветен распоред.

1

„Работевме со сопствениците за да ги убедиме да направат ‘табула раса’ за тоа како живееле во оваа куќа во последните 20 години и да најдат подобра дистрибуција за нивните реални потреби“, изјави креативниот директор на Destudio за Dezeen.

0

„Беше тешко за семејството да прифати дека секој ѕид мора да се урне“, додаде тој, „но кога ги видоа првите проекти и 3Д, сфатија дека има подобри начини да живеат во нивната куќа, повеќе да бидат задоволени нивните потреби во наредните години“.

7

Истражување за тоа како се искористени постојните простори придонело за одлуката за промена на положбата на приватниот и заедничкиот простор, така што главниот простор за живеење го добил најдоброто од достапната сончева светлина. Овој чин го дал и името на проектот, Casa Inversa.

4

Разговорите со клиентите откриле дека тие сакаат кујната да биде срцето на куќата бидејќи тука поминуваат многу време во текот на денот.

Ова довело до одлуката да се намали големината на трпезаријата со тоа што ќе се смести во агол во дневната соба.

Конзолната клупа ја минимизира искористената површина, така што соседниот дневен боравок делува попространо.

2

Архитектите претпоставувале дека масата веројатно ќе се користи ретко, најмногу кога пријателите или семејството доаѓаат во посета, па затоа е дизајнирана како сепаре во ресторан за да се има  чувство како да се јаде надвор.

5

Од кујната се излегува на тераса со гарнитура на отворено, додека на спротивниот ѕид е витрина за вино со полупроѕирно стакло обезбедува визуелна врска со соседниот помошен простор. Лизгачката стаклена врата може да се затвори за да се одделат кујната и соседната дневна соба доколку е потребно.

6

Трите спални соби во станот преместени се на спротивниот крај на основата, каде што гледаат кон внатрешните дворови на објектот.

Главната спална соба и една од собите за гости се сместени во аголот во кој претходно била сместена дневната соба. Гардероберот на главната спална соба има плакари кои се протегаат долж ѕид, искористувајќи го максимумот од просторот.

11

Палетата на материјали која се состои од ѕидови обработени со глина, дабова столарија и порцелански плочки делува како топла позадина за уметничката колекција на клиентите.

12

Онаму каде било можно, Destudio поставиле мебел од локални брендови, вклучувајќи ги софата, фотелјите и полиците од библиотеката во дневната соба.

10 9

Испрати коментар

Scroll To Top