Насловна / Вести / Редизајн на центарот на Нотингем како одговор на пандемијата

Редизајн на центарот на Нотингем како одговор на пандемијата

Неодамна претставениот проект за реконструкција на центарот на англискиот град Нотингем, поддржан од Heatherwick Studio, покажува визија со која се воспоставува формирање на ново зелено јадро, како и трансформација на поранешниот трговски центар кој се наоѓа во срцето на локацијата, воедно нагласувајќи го туристичкиот потенцијал.

Notingem

Проектот е создаден како експанзивна визија за редизајнирање на центарот на градот и неговата содржина поради зголемената распространетост на онлајн купувањето и како одговор на пандемијата, пишува ArchDaily.

Со фокус на голема зелена површина која им овозможува на граѓаните да се поврзат со природата, проектот предлага и нови социјални простори, деловни, станбени и мешани објекти.

Notingem1

Имено, трговскиот центар Broadmarsh бил во фаза на реконструкција кога почна пандемијата, а потоа се било запрено и ставено пред градскиот совет на Нотингем.

Тие разговарале за нова визија за локацијата и поширокиот центар на градот и формирале советодавна група која го доверила проектот на бирото Heatherwick Studio, чија задача била да создаде нова визија за трговскиот центар заедно со градежната компанија Stories.

Notingem2

“Предизвикот што да се прави со поранешниот трговски центар Broadmarsh беше можност да размислиме за падот на нашите градски центри. Тие треба да собираат луѓе, а не само трговци на мало. Наместо да ја урнеме структурата, предлагаме да ја задржиме нејзината рамка и да и вдахнеме нов живот, создавајќи место што може да ја задржи различноста и живоста што толку многу им недостигаат на многу центри во градовите“, рече основачот на студиото Томас Хедервик.

Notingem3

Тој додава дека целта е да се премости јазот меѓу генерациите, заедниците и културите, така што новиот Broadmarsh може да ја одрази вистинската различност на градот. Во маглата на Ковид-19, Нотингем ја искористи можноста да направи нов нацрт за иднината на центрите на градовите, вели тој.

Новиот зелен простор, во самиот центар на планот за развој, проникнува во различните содржини на локацијата, станувајќи катализатор за понатамошен одржлив развој.

Notingem4

Во приземјето на зградата на поранешниот трговски центар ќе може да се организираат различни канцелариски и малопродажни простори со што ќе се отворат околу шест илјади нови работни места во оваа област.

Дел од структурните рамки на трговскиот центар ќе бидат целосно задржани и претворени во простор ориентиран кон заедницата, каде ќе се изведуваат претстави, ќе се служи храна и ќе се играат игри.

Notingem5

Во исто време, со проектот се планира да се изградат 750 домови во непосредна близина на познатиот замок Нотингем.

Исто така, Градскиот совет и советничката група ќе изработат мастер план и ќе ги обезбедат потребните инвестиции од јавни и приватни субјекти. Според Градскиот совет, за целосно реализирање на проектот ќе бидат потребни десет години.

Згора на тоа, создавањето зелени површини, како и зачувувањето на рамката на поранешниот трговски центар, се во согласност со стратегијата на градот Нотингем да го направи првиот јаглеродно неутрален град во Велика Британија.

Notingem6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top