Насловна / Вести / „Ре-Медика“ прослави 10 години постоење

„Ре-Медика“ прослави 10 години постоење

remedika deset godini

По повод јубилејот, во свечена атмосфера во хотелот „Александар Палас“, синоќа беше одбележан овој значаен десетти роденден, на кој присуствуваа многу гости, врвни експерти од областа на медицината, образованието, бизнис-секторот, како и амбасадори, бројни соработници и партнери на „Ре-Медика“.

Пред присутните се обрати директорката на болницата Елица Јорданова, која на свеченоста истакна дека пред точно 10 години, оваа институција ја започнала главната мисија – ја отворила вратата за добро здравје.

„Бројката од повеќе од 120.000 пациенти е само потврда за довербата која пациентите ни ја даваат при нивниот избор за најважното во животот, здравјето. Нивното задоволство е нашата најголема награда и тоа ни дава елан да се насочиме кон идните успеси“, рече директорката Јорданова.

Медицинскиот директор на „Ре-Медика“, проф. д-р Андреја Арсовски рече дека одбележувањето на овој јубилеј е посебен настан во историјата за болницата.

„Ние вработените, напорно работевме на градењето препознатливо име, на градењето синоним за посветеност кон нашите пациенти. Сега, по 10 години можам да кажам дека ‘Ре-Медика’ прерасна во болница со која се гордееме, не само по постигнувањата, туку и со поставувањето системи на вредности“, изјави Арсовски.

За една деценија постоење, во болницата се родени 6.000 бебиња, направени се безмалку 400.000 амбулантски прегледи, 12.938 гинеколошки интервенции, 11.904 хируршки интервенции, 17.423 рентген снимања како и 8.285 снимања со компјутерски томограф.remedika 10 godini

Во почетоците, пред 10 години, бројот на вработени бил 80, а денеска оваа бројка пораснала на 210 лица, кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните. „Ре-Медика“ ја одликува домаќинскиот однос кон пациентите, топлината, љубезноста и сплотениот колектив.

Сите досегашни успеси се причина повеќе оваа здравствена институција да продолжи понатаму со добрата работа. Менаџментот уверува дека развојот ќе продолжи преку усвојување нови технологии и нови методи на лекување на пациентите.

Испрати коментар

Scroll To Top