Насловна / Вести / Растенија кои не треба да ги чувате во домот ако имате домашни миленичиња

Растенија кои не треба да ги чувате во домот ако имате домашни миленичиња

Доколку сте во потрага по зеленило кое ќе го украси вашиот дом потребно е да знаете дека некои растенија се опасни по здравјето на домашните миленичиња.

Спатифилум (Spathiphyllum)

spati
Ова популарно зимзелено растение со бели цветови е убаво, но е мошне опасно за мачки и кучиња. Џвакањето на листовите кај домашните миленичиња може да предизвика повраќање и потешкотии со голтање.

Фикус лира (Ficus lyrata)

lirast
Ова собно растение не е многу мудар избор за сопствениците на домашни миленичиња. Иако нема смртоносно дејство на кучиња и мачки, сериозно ја надразнува устата и слузокожата.

Колоказија (Colocasia esculenta)

kolokazija
Тропското растение колоказија, познато под името слоново уво, според зборовите на експертите може да доведе до отекување на устата, повраќање и диареја кај домашните миленичиња.

Еукалиптус (Eucalyptus gunny)

eukaliptus
И покрај смирувачкиот мирис и убавите листови, еукалиптусот кај домашните миленичиња може да предизвика депресија и малаксаност.

Еластичен фикус (Ficus elastica)

fikus
Популарното собно растение, кое го карактеризира восечен изглед на листовите, може да предизвика иритации на кожата кај луѓето и да предизвика болести на системот за варење кај домашните миленичиња.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top