Насловна / Архитектура / Распишан архитектонско урбанистички конкурс – Нова просторна реалност на градовите – пост Ковид-19

Распишан архитектонско урбанистички конкурс – Нова просторна реалност на градовите – пост Ковид-19

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, распишаа отворен и анонимен меѓународен архитектонско урбанистички конкурс. Конкурсот е чисто академски и неговата главна цел е да иницира информирана дебата за новите концепти и парадигми кои ќе ја обликуваат иднината на градовите.

Проектантскиот предизвик на овој конкурс е да се замисли новата просторна и социјална реалност во нашите градови, да се истражат нови концепти или да се преиспитаат постојните концепти во архитектонското проектирање и урбанистичкото планирање, кои се покажаа како застарени за општеството пост Ковид-19.

Во овој натпревар на идеи може да се вклучат сите архитекти, урбанисти, дизајнери, студенти по архитектура и поединци заинтересирани за темата, од целиот свет.

NEWSPATIALREALITYOFCITIESPOSTCOVID-19_resize

Награди на конкурсот:

Прва награда 2.500 евра

Втораа награда 1.500 евра

Трета награда 500 евра

Жири:

Проф. Огнен Марина, декан на Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје

Проф. Ана Тромбева, Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје

Проф. Слободан Велевски, Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје

Alessandro Armando, вонреден професор на Одделот за архитектура и дизајн (DAD), Politecnico di Torino

Проф. Миле Димитровски, претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ

Prof. Mitesh Dixit, Columbia University GSAPP / DOMAIN Office

Dr Harun Badakhshi MD, PhD, главен клинички онколог во Берлин

Д-р. Петар Бојаниќ, професор по филозофија и ко-директор на Центарот за напредни студии – Југоисточна Европа на Универзитетот во Ријека

М-р. Реџеп Асани, раководител на одделението на архитекти во КОАИ

Жирито може да именува онолку предлози колку што сметаат дека се значајни да се споменат.

Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе управува со целата комуникација, регистрација и доставување предлози. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на конкурсот: https://newspatialreality.com/

кон_resize

Испрати коментар

Scroll To Top