Насловна / Вести / Расфрлан отпад покрај патот Охрид – Св.Наум

Расфрлан отпад покрај патот Охрид – Св.Наум

Пластични шишиња, најразлична амбалажа, покуќнина и друг цврст отпад се расфрлани покрај патот Охрид – Св.Наум, кај заливот на коските, едно од најпосетуваните места од туристите, информира Ohridnews.

Ништо подобра не е сликата ниту во излетничките места на околните планини и покрај езерото, но и покрај сите регионални и национални патишта. Преполни со ѓубре се и реките и речните корита.

Текстот информира дека „според екологистите зелената агенда во Македонија е на дното, законите за управување со отпад и селектирање не се почитуваат, што може да има катастрофални последици врз животната средина и здравјето на луѓето.otpad-ohrid

-Проблем е инертноста на институциите и ниската еколошка свест бидејќи ние сметаме дека отпадот сам од себе ќе исчезне. Реално санкциите се многу мали, односно непостоечки, особено за создавање диви депонии каде компании доаѓаат, истураат отпад и создаваат диви депонии на локации кои не служат за одлагање на отпад. – вели Ива Апостоловска од еко движењето „Ајде Македонија“.

Екологистите решение на проблемот гледаат во имплементација на концептот „Нула отпад“, кој се темели на принципите на одржлив развој и циркуларна економија. Овој концепт го применуваат 308 општини во Европа каде 99 отсто од отпадот се третира како ресурс, а само еден процент завршува на депониите.

-Концептот „Нула отпад“ се стреми општините, односно градовите да изготват долгорочен стратешки план во чекорри и го прилагодат системот на управување со отпад да биде прилагоден на концептот на нула отпад, каде се рециклира и употребува голем дел од отпадот. Значи отпадот не е ѓубре туку се реупотребува. – објаснува Апостоловска.

Каков е односот на државата кон проблемот со отпадот и загадувањето на животната средина најдобро говори податокот дека од 54 депонии во земјата само Дрисла, и тоа делумно, работи според стандардите, додека останатите практично се незаконски депонии, укажуваат екологистите.

Испрати коментар

Scroll To Top