Насловна / Вести / Рачно изработени акустични панели кои ја намалуваат бучавата во просториите

Рачно изработени акустични панели кои ја намалуваат бучавата во просториите

Благодарение на панелите на компанијата „Квадрат“, минималистичките простори стануваат се поудобни за живот.

Soft Cells е името на модуларниот акустички панелен систем, создаден од страна на познатата данска текстилна компанија „Квадрат“. Нивната основна функција е звучно да се изолираат просториите, а главната предност во однос на конкуренцијата е флексибилност и приспособување на просторот. Имено, тие се произведуваат по мерка и тоа во модули од 20 сантиметри, па се до шест метри во должина.квадрат панели_5

Секој модул има конструкција од рециклирана алуминиумска рамка која се полни со акустична пена и потоа се обложува со ткаенина избрана од широкиот спектар со кој располага компанијата „Квадрат“.квадрат панели_6

Компанијата има развиено систем на затегнување на ткаенината со помош на „федери“, така што материјалот останува на своето место за време на неговиот работен век.квадрат панели_4

Од компанијата истакнуваат дека акустиката влијае директно на луѓето во одреден простор. Како денес се актуелни отворените и минималистички ентериери со значителна употреба на бетон и други цврсти материјали кои често немаат баш добра акустика, потребно е да се направи звучна изолација. Soft Cells им овозможуваат на архитектите да креираат минималистички простори кои се пријатни за око, но исто така и за уво.квадрат панели_3

Повеќето модули од Soft Cells производите се произведени во фабрика во полскиот град Познан, пишува Dezeen.квадрат панели_2 квадрат панели_1

Испрати коментар

Scroll To Top