Насловна / Вести / Работилница за изработка на мозаици на УКЛО во Битола

Работилница за изработка на мозаици на УКЛО во Битола

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола објави повик за учество на работилница за изработка на мозаици.укло битола

Од УКЛО информираат дека работилницата ќе биде во функција на програмските активности на Универзитетот, посветени на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Право на учество на работилницата имаат студентите од УКЛО запишани на прв циклус студии, но пожелно е да поседуваат знаења од областа на уметноста и дизајнот. Предност ќе имаат студентите од Техничкиот факултет и програмата графичко инженерство, информираат од УКЛО-Битола.

Пријавувањето на студентите за учество на работилницата за изработка на мозаици ќе се врши до 1 август, а избраните студенти во текот на месец август ќе престојуваат во Охрид каде под менторство на стручен тим ќе се изведува планираната работилница.

Испрати коментар

Scroll To Top