Насловна / Вести / Изложба на Агрон Салиу во Куманово

Изложба на Агрон Салиу во Куманово

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во четврток, 7 јули, ќе биде отворена изложба на портрети на ликовниот уметник Агрон Салиу.агрон салиу куманово

Агрон Салиу е роден 1984 во Тетово. Дипломирал на Тетовскиот универзитет на Факултетот за ликовна уметност – отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Бекири. Самостојни изложби реализирал во Скопје, Тетово, Париз, Берлин, Кичево, Куманово, Виена, Сараево и Загреб. Учествувал и во повеќе групни изложби и проекти, а за својата работа има добиено повеќе награди, сертификати и признанија.

Изложбата ќе биде поставена до 21 јули.

Испрати коментар

Scroll To Top