Насловна / Вести / Пуштена во погон најголемата ветерна електрана во Западна Африка

Пуштена во погон најголемата ветерна електрана во Западна Африка

Новоотворената ветерна електрана во Сенегал ќе има удел од 15% во вкупното производство на електрична енергија во земјата, а се наоѓа на околу 86 километри од главниот град Дакар и има капацитет од 158 MW. За реализација на овој проект биле потрошени две години, а интересен е фактот дека се работи за најголема ветерна електрана во Западна Африка. Изградена од страна на британската компанија за обновливи извори, Lekela Power  која има свои ветерни паркови во Египет и во Јужна Африка. Владата на Сенегал работи на подобрување на економијата до 2025 година, а значајна можност гледа во електроенергетскиот сектор. Приоритет им е фавозризирањето на обновливите извори и секако обезбедување пристап до електрична енергија во сеуште неразвиените рурални средини.

senegal1

senegal2

DCIM102MEDIADJI_0323.JPG

Испрати коментар

Scroll To Top