Насловна / Вести / Првиот процесор со 1.000 јадра и со енергетска ефикасност

Првиот процесор со 1.000 јадра и со енергетска ефикасност

Научниците од Универзитетот во Калифорнија развија иновативно решение – KiloCore, првиот процесор со 1.000 јадра. Овој процесор е корисен за спроведување на паралелни задачи како енкрипција, пресметување на научни податоци и кодирање на видеозаписи.1000jadro

Освен неверојатните перформанси, овој процесор е и многу енергетски ефикасен. За спроведување на 115 милијарди операции во секунда, тој троши само 0,7w струја, што значи дека може да работи на една AA батерија.

Сепак, овој процесор нема да се најде во масовно производство, бидејќи научниците за неговата изработка користеле постара 32 нанометарска технологија, додека современите процесори користат 14nm техника.

Без оглед на тоа, ова решение отвора можност процесори со голем број јадра да се појават на разните мобилни уреди.

Испрати коментар

Scroll To Top