Насловна / Вести / Првиот „covid free“ воз за превоз на патници од Рим до Милано

Првиот „covid free“ воз за превоз на патници од Рим до Милано

Специјални „covid free“ возови, во кои патниците ќе можат да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, а кои можат да ги направат и на станицата пред патувањето, ги возат Италијаните од 16. април меѓу Рим и Милано, без попатни станици.

Од 16 април, два воза „alta velocità“ (големи брзини) наречени „Freccia rossa covid free“ (Црвена стрела) превезуваат патници на релација Рим – Милано. Возот тргнува од Рим во осум часот и 50 минути, а од Милано во 18 часот.

v5

За да можат патниците да влезат во возовите, потребно е да покажат негативен тест, молекуларен или антигенски, кои ги направиле 48 часа пред патувањето.

Патниците мора да пристигнат на станицата 45 минути порано со цел навремено да регулираат се што е потребно околу тестовите.

Возот поаѓа од станицата „Рома Термини“, а од Милано од Централната железничка станица. Возовите возат со капацитет од 50 отсто, без оглед на тоа што сите патници мораат да имаат негативен тест. По оваа релација, можно е наскоро да бидат воведени и нови.

v3

Тестот може да се направи и на самото место, на самата железничка станица. На станиците има шатор на Црвен крст каде што е можно да се тестирате 150 минути пред тргањето на возовите врз основа на распоредот утврден за време на резервацијата на билетите.

Истата постапка се однесува и на лица кои се вакцинирани и кои мора да покажат негативен тест или да бидат тестирани пред заминувањето. Доколку тестот е позитивен, на луѓето ќе им бидат вратени парите кои ги потрошиле за билетот.

v4

Тестови и за вработените

Сите вработени во овие возови ќе мора секој пат да прават тест. Во моментот кога се резервираат онлајн билети, возовите кои се „covid free“ се обележани со жолт триаголник.

Пред клиентите е ставен избор, или да наведат дека биле тестирани или да го сторат тоа на самата станица. На крајот од резервацијата, клиентите ги добиваат сите потребни детали, како и времето кога треба да дојдат и да го напрват тестот.

Возовите имаат комплет за клиентите кој подразбира маска, гел и вода.

v1

„Трениталиа“ е прва компанија во светот кога станува збор за железнички транспорт што го доби РИНЕ „Biosafety Trust Certification“, кој потврдува одличен систем за заштита и спречување на инфекции.

Процедурата е слична на онаа што се користи за т.н. „Covid tested“ летови, кои се во оптек од септември 2020 година на аеродромот во Рим, на релација Рим-Милано, како и на меѓународниот лет „Алиталија“ Рим Фиумичино – Њујорк и Рим – Атланта (компанија „Делта“).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top