Насловна / Вести / Првата британска „офшор“ ветерна централа стигна до пензија

Првата британска „офшор“ ветерна централа стигна до пензија

Првиот ветерен парк во водите на Велика Британија, се појави во 2000 година. Се состои од две ветерни турбини со поединечна инсталирана моќност од 2 MW, кои сега се пред крај на својот животен век, која за овој вид на опрема се движи во опсегот од 20-25 години. Наредниот месец ќе започне нивното демонтирање и отстранување од морето. Планирано е овие работи да завршат во целост за 4-6 седмици.

Сепак, турбините ќе доживеат своевидна „реинкарнација“, односно ќе добијат нова намена. Деловите од едната турбина ќе бидат рециклирани и ќе се искористат за нов проект на копно, додека другата ќе служи за обука.  Стручњаците за ветерни електрани во Британија ја нагласуваат улогата на оваа прва постојка во експанзијата на оваа индустрија во Велика Британија, која денес може да се пофали со 1.500MW инсталирана моќност под ветерни електрани.

Првиот ветерен парк заеднички го изградиле компаниите Shell RenewablesNuon UK и AMEC Wind.

offshore1

ofshore2

offshore3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top