Насловна / Вести / Министерката бара истрага: Како му е издадена дозвола на Boeing 737 max 8?

Министерката бара истрага: Како му е издадена дозвола на Boeing 737 max 8?

Министерката за сообраќај на САД, Елен Чао, побарала од надзорната агенција да се испита како Сојузната управа за авијација дала дозвола за летање на моделот Boeing 737 max 8. Околностите под кои е издаден дозволата се најдоа под сомневање, откако минатата седмица токму овој модел на авион во флотата на Etiopian Airlines доживеа катастрофална несреќа. „Безбедноста е највисокиот наш приоритет, и сите сме тажни поради несреќите во кои учествуваа два вакви авиони – во Етиопија и претходно во Индонезија“, напишала министерката во меморандумот кој го упатила до главниот инспектор од надзорната агенција. Таа бара ревизија која би му помогнала на министерството  во донесување на одлуки, но и би придонела за подобро разбирање на овој случај од страна на пошироката јавност, и конечно и најважно ревизијата треба да и помогне на Сојузната управа за авијација во ефикасно спроведување на сите безбедносни процедури.

Дополнително, Сојузната управа за авијација на САД е под истрага и поради одлуката сите пилоти кои управувале со претходни верзии на Boeing, да немаат обврска да поминат низ нови обуки и дополнителни проверки за да се оспособат за нов модел на авион од оваа компанија.

max8

max81

max82

max83

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top