Насловна / Архитектура / „Актер Галакси“ – бисер во Сочи

„Актер Галакси“ – бисер во Сочи

На брегот на Црното Море во градот Сочи изграден е грандиозниот станбен комплекс „Актер Галакси“ кој е пуштен во 2015 година. Станува збор за еден од најубавите бисери, проект кој ја има земено наградата Национална премија во областа на архитектурата ARX AWARDS 2007. Автор на проектот е Сергеј Чобан, кој за своето дело ќе каже: „Континуираните линии на архитектурата на Актер Галакси како да ги повторуваат морските бранови и ја оцртуваат  терасата, а силуетата на комплексот се надоврзува на линијата на планинските врвови и создава хармоничен незабораван акцент меѓу постоечките објекти“.

DCIM100MEDIADJI_0048.JPG

За станбениот комплекс „Актер Галакси“ Порта 3 пишуваше во ноември 2013 година, каде што истиот беше и на насловната страница на овој број. Во овој број Порта 3 ја презентираше архитектурата на станбениот комплекс, идејата и  концепцијата, содржините и функцијата. Покрај тоа акцентот беше ставен на изведбата на армиранобетонската конструкција на објектот како и избраниот конструктивен систем на градба, условен од специјалните технички услови за градба за ова земјотресно подрачје на Русија. Во овој период објектот беше во завршна фаза на градба на армиранобетонската конструкција.

Во овој број ќе се задржиме на изгледот на веќе завршениот станбен комплекс.

DCIM100MEDIADJI_0014.JPG

ЕНТЕРИЕР НА ОБЈЕКТОТ

Во објектот, согласно проектот, комплетно се завршени сите занаетчиски и инсталатерски работи во местата со општа намена како што се влезната група, атриумот, ходниците и коридорите, скалилата, лифтовите, просториите за машински и други инсталации, паркингот во подземниот кат, спа-центарот како и фасадата и покривот на објектот.

fc3fbc4eb590d73a

ЕНТЕРИЕР НА СТАНОВИ

Становите во станбениот комплекс „Актер Галакси“ се предаваат на купувачите во состојба „Shell and core“, што значи карабина, односно во станот има само влезна врата и фасадна столарија, голи ѕидови, необработени плафони и подови. Во станот се доведени сите вертикални комуникации, вентилација, кондиционирање, греење, водовод и канализација, електрика, телефонија, интернет. Останува купувачот сам да го осмисли ентериерот по своја желба, за да има разновидност на ентериери на становите во зависност од примената на најразлични материјали и организација на просторот.

20141010_152046

АТРИУМ

Објектот содржи два атриума, мал и голем. Внатрешниот атриум, односно големиот атриум е единствен по својата форма и големина, со димензии во основа 87 х 22 метри, висина 100 метри и површина 1.700 квадратни метри. Атриумот ги обединува функционално сите движења и комуникации. Во него се сливаат шест комуникациски јадра со десет панорамски и седум стандардни лифта. Од галериите и коридорите што го обвиткуваат атриумот се остварува и врската до становите, а глетката од галериите кон дворот и обратно, од дворот кон високите катови е восхитувачка и импресивна. Покривот на Атриумот е полупрозрачна конструкција која овозможува природно осветлување на внатрешното пространство.

20141010_104809

ПОКРИВ НА АТРИУМОТ – КУПОЛА

Конструкцијата на покривот на атриумот претставува полупрозрачна конструкција, која е составена од неколку основни елементи:

–          Систем на пневматски мембрани-перници, произведени од полимерни материјали ETFE (основен дел на покривот),

–          Метална носива конструкција – решетки, која служи за основа на пневматски мембрани – перници,

–          Алуминиумски профил, со чија помош се соединува мембраната за металната конструкција,

–          Систем за создавање и одржување на пневматскиот притисок, кој се состои од цевки за проток на воздух и компресорска станица,

–          Систем за одвод на атмосферски води.

ETFE – полимерен материјал од ново поколение, со полимер на етилен и тетрафторетилен, има класа на горивост Г1, не поддржува распространување на оган, полимерот се топи на температура од 275 Целзиусови степени, не образувајќи притоа капки кои би создавале изгореници.

PUTEVI-6_maket-nov2018.indd

Повеќеслојниот систем на покривот се состои од пневматски мембрани – перници, затворени со алуминиумски профили поставени на носивна метална конструкција. Во системот на мембраната од време на време се додава воздух под слаб притисок за обезбедување на потребно ниво на изолација и носивост на надворешни товари.

Оваа технологија идеално одговара и се применува во реони со зголемена сеизмичка активност, силни ветрови и многу снег.

PUTEVI-6_maket-nov2018.indd

Полимерот ја запазува својата форма и не се кине дури и при степен на деформација од 200 до 300 отсто. Воздухот меѓу слоевите на ETFE, набивајќи се под притисок, ги компензира кратковремените товари, ги смалува вкупните товари на носивата конструкција.

Користењето на мембраната ETFE е многу поекономично во однос на застаклување затоа што конструкцијата е едноставна и монтажата е брза. Рокот на траење на мембраната е 10 години.

ФАСАДИ

Фасадата на објектот е изведена со примена на системот  ROFIX (повеќеслоен систем за надворешно затоплување на контурата на објектот).

Фасадни балконски портали од стакло и алуминиумски профили од системот SCHUKO.

Балконските огради се стаклени.

Изведба на дел од фасадата на влезната група и подземните катови со гранит DACIT од Србија.

Покрај изведба на армиранобетонската конструкција на објектот АО „Путеви Ужице“, како генерален изведувач, до предавање на објектот во експлоатација ги изведуваше сите останати градежно-занаетчиски работи, хидроизолациони, термоизолациони, молерофарбарски, керамички, браварски, како и инсталатерските работи – електрика, телефонија, автоматика, греење, вентилација, водовод и канализација, како и партерното уредување на територијата околу станбениот комплекс.

FullSizeRender (3)

IMG_7001

Книга „Актер Галакси“

Во декември 2018 година издадена е во Москва книгата  „Актер Галакси“  чиј автор е архитект  Предраг Кочовски.  Во книгата, опишани се и со многубројни фотографии детално прикажани сите фази на изградба на грандиозниот станбен комплекс  „Актер Галакси“  на брегот на Црното Море во градот Сочи , Русија. Авторот се јавува и во својство на директор на реализација на проектот Станбен комплекс „Актер Галакси“ -Сочи од страна на генералниот изведувач, градежната компанија  АО  „Путеви Ужице“ од Република Србија. Книгата е посветена во знак на благодарност на тимот на инженери и градители кои успеаја смелата и единствена архитектонска замисла да ја реализираат во периодот од 2011 до 2015 год. Нивните имиња се цврсто поврзани со навистина плодниот и ѕвезден период на компанијата  АО  „Путеви Ужице“, а проектот „Актер Галакси“ со право може да се смета за најубавиот бисер во богатата ризница на изградените објекти на компанијата. Авторот верува дека книгата ќе успее да ги мотивира и поттикне на акција младите инженери и градители и да го „запли оганот во нивите очи“.

20181229_192056 (1)

Основни податоци на станбениот комплекс „Актер Галакси“

Локација: Курортни проспект 105 а, Сочи, Русија

Инвеститор: МР Груп

Генерален изведувач: АО  „Путеви Ужице“, Република Србија

Површина на објектот: 132 552,0 м2

Катност: 30 ката

Димензии: висина 116 метри, должина 161,5 метри, ширина 60 метри

Архитектонско биро: Speech

Автор на проектот: Сергеј Чобан

Награда: Национална премија во областа на архитектурата ARX AWARDS 2007

 

Автор: Предраг КОЧОВСКИ, дипл. инж. арх.

(специјално за Порта 3 од Сочи)

Испрати коментар

Scroll To Top