Насловна / Архитектура / Првата 3Д печатена џамија во светот завршена за само шест месеци

Првата 3Д печатена џамија во светот завршена за само шест месеци

Кралството Саудиска Арабија неодамна стана дом на првата 3Д печатена џамија во светот, која се протега на површина од 5.600 квадратни метри и е завршена за само шест месеци со користење на најсовремена технологија за роботика од кинеската компанија Guanli Tech.

4

Се наоѓа во предградието Ал-Џавхар во Џеда и му оддава чест на починатиот бизнисмен и филантроп Абдулазиз Абдула Шарбатли, чија сопруга ја предводеше изградбата. Објектот е изграден со цел да донесе мир и спокој меѓу верниците, додека со карактеристичните минариња создава вистинска знаменитост во рамките на населбата.

1

Инаугурацијата на џамијата ја позиционира Саудиска Арабија како технолошки центар, надминувајќи ја проекцијата на Обединетите Арапски Емирати кон слични цели.

2

Имено, во мај минатата година Дубаи објави иницијатива за изградба на првата џамија со 3Д печатење во светот, но сепак проектот во Џеда прв ја виде светлината на денот.

Проектот привлече глобално внимание, покажувајќи ги на овој начин бескрајните можности на технологијата за 3Д печатење во градежништвото.

3

Во моментов Кралството Саудиска Арабија минува низ огромна транзиција, редефинирајќи го својот идентитет на глобално ниво.

Како дел од својата Визија 2030, кралството се стреми кон иновации во целата изградена средина, со фокус на ревитализација на културата и диверзификација на економијата.

5

Така, во јануари, архитектонската фирма Populous го откри проектот на стадионот именуван по принцот Мохамед бин Салман.

Како што пишуваше Порта 3, минатата година, по петгодишна пауза, продолжи изградбата на Кулата во Џеда, која „се заканува“ да стане највисокиот облакодер во светот, надминувајќи го Бурџ Калифа во ОАЕ.

Проектирана од Adrian Smith + Gordon Gill Architecture, кулата треба да достигне висина од 1.000 метри.

Испрати коментар

Scroll To Top