Насловна / Арт и дизајн / Прва ретроспективна изложба во Франција посветена на Марк Ротко

Прва ретроспективна изложба во Франција посветена на Марк Ротко

Фондацијата Луј Витон ја претстави првата ретроспективна изложба во Франција посветена на познатиот сликар Маркус Ротко (1903-1970) од изложбата одржана во Музејот на современи уметности де ла Вил де Париз во 1999 година. Ретроспективата обединува 115 дела од најголемите институционални и приватни збирки вклучувајќи ја и онаа во Националната уметничка галерија во Вашингтон и фамилијарната збирка.

16

18

Изложбата, која е отворена за јавноста од 18 октомври 2023 година до 2 април 2024 година, хронолошки низ просторите на Фондацијата ја прикажува целата кариера на уметникот: од неговите први слики до апстрактните дела по кои е најдобро познат денес.

Изложбата започнува со интимни сцени и градски пејзажи – како визии на њујоршкото метро – кои доминираа во работата на Ротко во 1930-тите, пред неговата транзиција кон стил инспириран од античките митови и надреализмот што Ротко ги користел за да ја изрази трагичната димензија на човештвото, за време на војната.

15-copy-0 6-copy-0

Почнувајќи од 1946 година, Ротко направи важен пресврт кон апстрактниот експресионизам. Првата фаза од оваа промена е онаа таканаречена (Мултиформи) Multiforms , каде хроматските маси се суспендирани во еден вид рамнотежа на платното. Малку по малку, тие се намалуваат во бројот, а просторната организација на неговото сликарство брзо еволуира кон „класичните“ дела на Ротко од 1950-тите, каде правоаголните форми се надредени според бинарен или троен ритам, карактеризиран со нијанси на жолта, црвена, портокалова, но и сина, бела, итн.

Во 1958 година, Ротко ќе изработи серија ѕидни слики за ресторанот (Четири сезони) Four Seasons проектиран од Филип Џонсон за Сиграм зградата во Њујорк, чија изградба била под надзор на Лудвиг Мис ван дер Рое. Подоцна, Ротко сепак одлучува да не ги предаде сликите и ја задржува целата серија за себе. Единаесет години подоцна, во 1969 година, уметникот донира девет од овие слики – кои се разликуваат од претходните поради нивните интензивни црвени тонови. Токму оваа серија е во фокусот на изложбата на Фондацијата Луј Витон.

5-copy-0 11-copy-0 12-copy-0 10-copy-0

Во 1961 година, Музејот на модерна уметност во Њујорк ќе ја организира првата голема ретроспектива, изложба која подоцна патува во неколку европски градови (Лондон, Базел, Амстердам, Брисел, Рим и Париз). Во 1960-тите, Ротко прифати други задачи, вклучувајќи ја капелата основана од Џон и Доминик де Менил во Хјустон, која беше отворена во 1971 година и во негова чест ќе се именува како капела Ротко.

Иако Ротко претпочита потемни тонови и пригушени контрасти во доцните 1950-ти, уметникот никогаш целосно не ја напушта својата светла палета на бои, за што сведочат неколку слики од 1967 година и последната црвена слика која остана недовршена во неговото ателје. Дури и во случајот со серијата Црно и сиво од 1969-1970 година, најдобро е да се избегне поедноставена интерпретација на делото, поврзувајќи ја сивата и црната боја со депресивноста и летаргичноста.

2-copy-0 7-copy-0

Овие дела се изложени во објектот на Френк Гери, заедно со големите скулптурни фигури на Алберто Џакомети, создавајќи атмосфера блиска до она што Ротко го имал на ум за серијата на УНЕСКО која никогаш не била реализирана.

Трајноста и желбата за ненаметлив дијалог на Ротко, без зборови со гледачот и неговото одбивање да се гледа како „колорист“ се елементи кои овозможуваат нова интерпретација на неговото повеќеслојно дело на оваа изложба, во сета негова вистинска плуралност.

Испрати коментар

Scroll To Top