Насловна / Вести / Прва продажба на „неутрална нафта“ во светот

Прва продажба на „неутрална нафта“ во светот

Lundin Energy ги испорача првите барели „неутрална нафта“ од своето нафтено поле на крајбрежјето на Норвешка, кое е воедно и првото нафтено поле на светот сертифицирано како Carbon Clear. Ова нафтено поле е сертифицирано како нискојаглеродно, чија емисија во текот на целиот свој животен век изнесува 3,8 kg CO2 по барел еквивалент нафта. Оваа вредност вклучува истражување, развој и производство, и е пет пати помала од светскиот проесек. Компанијата соопштила дека јаглеродно неутралната нафта е продадена на рафинерија од Сардинија во Италија, откако вишокот емисии од 2302 тони CO2 е компензиран по пат на висококвалитетен проект за зафаќање на јаглерод.

carbonclear1

Од компанијата велат дека оваа трговија пружа доказ за новите правци по кои се движи пазарот на сирова нафта, и потенцијалната вредност која може да се оствари преку ефикасно, индустриски водено намалување на емисиите. Компанијата се обврзува дека од 2025 година секој произведен барел нафта од Lundin Energy  ќе биде јаглеродно неутрален.

carbonclear2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top