Насловна / Вести / Прва нуклеарна електрана во Обединетите Арапски Емирати

Прва нуклеарна електрана во Обединетите Арапски Емирати

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дадоа „зелено светло“ за почеток со работа на нуклеарната електрана „Барака“ (Barakah Nuclear Power Plant), прва во арапскиот свет, известуваат од Меѓународната агенција за атомска енергетика. Сојузното тело за нуклерана регулација го одобри издавањето на оперативна дозвола за реакторот 1 на оваа постројка.

Централата има четири реактори изградени од страна на конзорциум предводен од Корпорацијата за нуклеарна енергетика на Емиратите (Emirates Nuclear Energy Corporation) и Корпорацијата за електрична енергија на Кореја  (Korea Electric Power Corporation). Се проценува дека изградбата чини 22,5 милијарди евра.

Barakah1

barakah2

Barakah3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top