Насловна / Вести / Прв до врв – на Водно во недела во чест на Денот на планетата Земја

Прв до врв – на Водно во недела во чест на Денот на планетата Земја

Prv do vrv

Во недела на 24 април, ќе се одржи априлскиот месечен Прв до врв, посветен на Денот на планетата Земја. Планинарите ќе разменат мислење и ќе одберат најсоодветна патека до врвот, а велосипедистите ќе ги тестираат предлозите за off-road патека која ќе биде дел од натпреварувачката рута на 22 мај. Се планира стартот да е од пред ОУ „Кочо Рацин“ во 9 часот. Инаку, настанот нема натпреварувачки карактер. Месечните искачувања на Водно во организација на Прв до врв имаат за цел да ги поттикнат спортот и рекреацијата во природа и да овозможат заедничка подготовка за главниот настан кој ќе се одржи на 22 мај.

 

Испрати коментар

Scroll To Top