Насловна / Архитектура / Во музејот Viking Age во Осло ќе бидат сместени бродови

Во музејот Viking Age во Осло ќе бидат сместени бродови

Музејот Viking Age во Осло ќе добие проширување во коешто ќе бидат сместени реплики на бродови со кои Викинзите пловеле до новите земји.

Неодамна норвешката архитектонска фирма AART го освои конкурсот кој подразбира идејно решение за анекс во музејот, каде што ќе бидат поставени дополнителни содржини, како и мноштво на реквизити поврзани со популарната историја на Викинзите.Viking-Age-Museum-726x400

Ова големо проширување на објектот ќе биде речиси три пати поголемо од сегашниот простор на музејот.

Постоечката зграда на Музејот, со вкрстена основа, ќе биде проширена со полукружен објект од 9.300 квадратни метри, така што вкупната површина на идниот музеј ќе изнесува 13.000 м2, пишува Dezeen.Viking-Age-Museum-04-630x420

Полукружното проширување ќе ги поврзува северниот и западниот дел од објектот и ќе формира храбра и компактна целина, која со самата форма ќе претставува поттик за јасно и флуидно движење низ изложбениот простор внатре во музејот.Viking-Age-Museum-07-630x450 Viking-Age-Museum-06-630x450

Посебно внимание е посветено на хармоничното визуелно вклопување на новото заоблено проширување наречено Naust со постојната структура со форма на крст. По сртот на сегашната музејска зграда дизајнирана на новиот објект.

Иако со површината поголем, новиот објект ја следи старата зграда со форма која има тенденција да ги обедини просториите на музејот.Viking-Age-Museum-05-630x450 Viking-Age-Museum-03-630x450

Постојниот објект го задржува приматот, а заради габаритниот склад, од влезната зона, речиси и да не забележуваат промените.Viking-Age-Museum-02a-630x126 Viking-Age-Museum-02-630x651 Viking-Age-Museum-01-630x450

Новиот анекс на Музејот на Викинзите сигурно ќе игра голема улога во претставувањето на историјата на Викинзите, бидејќи просторно и функционално ќе им овозможи на посетителите што поверодостојно и посодржински отсликување на начинот на живеење на овој народ.

Испрати коментар

Scroll To Top