Насловна / Вести / Прв супермаркет кој продава зеленчук од сопствена органска градина (видео)

Прв супермаркет кој продава зеленчук од сопствена органска градина (видео)

IGA е прва продавница за храна која продава зеленчук од сопствена органска градина. Овој канадски супермаркет на кровот на зградата одгледува намирници, кои подоцна се наоѓаат на нивните полици.

11

На кровот на IGA маркетот со површина од 25 илјади квадратни метри, се одгледуваат преку 30 видови органски производи: домати, зелена салата, модар патлиџан, ротквици, кељ, босилок, грашок, кромид, итн.

Ричард Дачемин, косопственик на продавницата на оваа идеја дошол по барањето на општината да се „зазелени“ кровот за да се намали емисијата на штетни гасови.

22

Дачемин смислил како овој проект да го направи попрофитабилен и засадил производи кои може да ги продава во својот маркет.

„Луѓето сакаат да купуваат домашни производи. Што има подомашно од ова?“, коментира Дачемин за Montreal Gazette.

Ова е добра вест, со оглед на тоа дека овошјето и зеленчукот често преоѓаат илјадници километри додека стигнат до полиците на супермаркетите, а на тој пат губат и до половина од своите нутритивни вредности.

33

Кровната градина се наводнува со вода од системот за одржување на продавницата. Во друг случај таа вода би била фрлена, а кровот би станал дом за птици и инсекти.

Покрај останатите бенефити, зелениот кров ја намалува и потрошувачката на електрична енергија во IGA супермаркетот, овозможувајќи и дополнителен слој на термоизолација.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top