Насловна / Архитектура / Прв дигитален музеј во Романија

Прв дигитален музеј во Романија

digitalen muzej_04_resize
Claudiu Ionescu е архитектот кој стои зад проектот на првиот дигитален музеј во Романија. Се наоѓа во близина на националниот парк Муреш во градот Печка. Овој необичен музеј во форма на капела има голем зелен покрив и драматична фасада во форма на шило. Кога сонцето го осветлува објектот, неговата форма, заедно со околниот двор, го претвораат музејот во гигантски сончев часовник.

digitalen muzej_07_resize digitalen muzej_06_resize digitalen muzej_05_resize digitalen muzej_03_resize
Покрај својата необична форма, новиот музеј е дом на најновата 3D технологија, која им овозможува на посетителите виртуелно да ги истражуваат различните музеи и артефакти од целиот свет. „Посетителите можат да го видат сето она што тие ќе го изберат. Тоа е дигитален музеј кој им овозможува на посетителите да видат мноштво музејски предмети од целот свет“, вели архитектот Ionescu.

digitalen muzej_02_resize digitalen muzej_03_resize digitalen muzej_01_resize
Со површина од само 125 квадратни метри, музејот претставува ефикасно користење на просторот за презентирање на дигитални изложби од целиот свет, а за чиј преглед инаку би биле потребни илјадници квадратни метри на простор.
Структурата на музејот е изградена со користење на армирано-бетонски ѕидови и ја карактеризира фасада покриена со алуминиум. Фотонапонските панели го снабдуваат музејот со свој обновлив извор на енергија, додека матната вода се собира и се рециклира преку покривот и околниот поплочен двор.

digitalen muzej_09_resize digitalen muzej_10_resize digitalen muzej_11_resize digitalen muzej_12_resize

Внатрешноста е опремена со LED осветлување, додека ориентацијата на прозорците е поставена така што го намалува прегревањето во текот на топлите месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top