Насловна / Вести / Протест пред зградата на хрватското електростопанство: „Чистиот јаглен е валкана лага“

Протест пред зградата на хрватското електростопанство: „Чистиот јаглен е валкана лага“

Активистите на „Гринпис„, „Зелена акција“ и „Зелена Истра“ во неделата одржаа протест пред зградата на хрватското електростопанство (Hrvatska Elektroprivreda – HEP). Најголемите организации од областа на заштитата на животната средина силно се противат на плановите на државната енергетска компанија да ја продолжи работата на речиси 50 години стариот блок на термоцентралата во Пломин на Истра.

Развлекувајќи 16 метарски транспарент со пораката „Чистиот јаглен е валкана лага (Čist ugljen je prljava laž), тие порачуваат дека не постои прифатлива верзија на термоцентрала на јаглен.

Во Хрватска во тек е расправа за измени во Студијата за оценка на влијанието врз животната средина, во врска со продолжувањето на работниот век на ТЕ Пломин 1 за уште 15-20 години.

HEP1

Испрати коментар

Scroll To Top